Македонски телеком ги претставува T-фон и T-фон про

Првите Телеком 5Г смартфони имаат големи екрани, камери со висока резолуција и премиум дизајн по пристапна  цена. T-фон и T-фон про ќе бидат достапни од 5 октомври во Телеком продавниците и Телеком.мк апликацијата. Развиени и дизајнирани во партнерство помеѓу Дојче телеком и Гугл, T-фон и T-фон про нудат беспрекорно 5Г искуство.

Ширењето на 5Г технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5Г е многу повеќе од гигабитни брзини; покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина.

Дојче телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5Г мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата цена на 5Г паметните телефони.

Како дел од Дојче телеком групацијата, Македонски телеком верува дека дигиталното поврзување треба да биде достапно за секого. Затоа, за да можат сите да бидат дел од дигиталната иднина, Македонски телеком ги претставува T-фон (Т Phone) и Т-фон про (T Phone Pro): 5Г за секого. Првите телеком 5Г смартфони ќе бидат достапни за корисниците од 5 октомври.

Со овие нови уреди, нашите корисници можат да уживаат во можностите на нашата 5Г мрежа којашто постојано се шири, почнувајќи од забава до безброј дигитални производи и услуги - по многу достапна цена.

T-фон и T-фон про ги нудат најбрзите и најсигурни мрежни брзини во нивниот пазарен сегмент. Моделите имаат 6,82” и 6,52” HD+ дисплеи, со големи батерии за да останете поврзани во движење, опција за брзо полнење од 15 W, камери со висока резолуција и премиум дизајн, кој вклучува сензор за отпечатоци од прсти Magenta.

Партнерството на Дојче телеком со Гугл (Google) гарантира дека T-фон и T-фон про нудат навистина беспрекорно искуство за крајниот корисник, комбинирајќи софтвер и хардвер за да се создаде пар од навистина достапни 5Г паметни телефони кои го отклучуваат целосниот потенцијал на 5Г мрежата без да се загрози квалитетот, искуството или безбедноста.

Сите корисници на T-фон ќе добијат дополнителна придобивка: 100 GB простор за складирање на клауд за три месеци преку Гигл уан (Google One) без дополнителна наплата. 

Повеќе информации за T-фон и T-фон про:

Комерцијален текст

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе