На маргините на првата средба на Европската политичка заедница

Македонија во Прага потпиша договор со Украина за олеснување на трговијата со храна

Во Прага на маргините на првата средба на Европската политичка заедница денеска се потпишани одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина, со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Одлуките ги потпишаа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка, а на церемонијата присуствуваа премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Денис Шмихал.

Со потпишувањето на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји,а документите овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни, соопшти Владата. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата.

Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Како што е соопштено,.со новиот договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.

За време на средбата на која присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведено е дека премиерот Ковачевски уште еднаш ги потврдил позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.

Украинскиот премиер Шмахил ѝ се заблагодарил на нашата делегација за неизмерната поддршка за Украина.

„Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент“, наведува Владата.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе