Македонија во Европа е на врвот според Индексот на мизерија

Според стапката на инфлација и стапката на невработеност кои го даваат т.н. Индекс на мизеријата во септември Македонија е втора на листата во Европа.

Преку индексот на мизерија се утврдува економското страдање на една земја според стапките на инфлацијата и на невработеноста. Овие податоци даваат најдобра слика за доходот во целина и за трошоците за живот.

Високата инфлација ја има и во балтичките земји, но таму стапката на невработеност е помала, а тоа значи дека овие земји се помалку економски и социјално ранливи во споредба со Македонија.

Економскама беда и социјалното страдање на македонските граѓани според високата инфлација и стапка на невработеност ја прави Македонија една од најсиромашните земји во Европа.

Инфлацијата во Македонија денес е најголема од 1995 година.

Во светски рамки земји со највисок индекс на мизерија се Венецуела, Зимбабве, Судан, Либија, Иран, Аргентина, Ангола...

Индексот на мизерија е воведен од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфација.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе