Македонија следна дестинација за белгиските туристи

Белгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс" од јуни почнува со летови до Охрид.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 7 до 10и февруари ги претставува туристичките потенцијали на Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел “Salon des Vacances”. Саемот за туризам е посетен од страна на 105.000 посетители од 800 дестинации и 350 егзибитори.

Важноста од нашето присуство меѓу останатите европски и светски дестинации беше истакнато од македонската амбасада во Брисел и вршител на должност, Јон Ивановски, кои го посетија македонскиот штанд на отворањето на саемот.

Македонија оваа година ќе биде лесно достапна дестинација, истакнуваат од  Агенцијата за туризам. Белгискиот авиопревозник “Брисел ерлајнс” од 17 јуни ќе лета до Охрид. На нивната официјална веб страница Охрид е промовиран како еден од оние градови што никогаш не се забораваат. Дестинацијата ја гледаат како вистински дијамант кој сѐ уште не е откриен од масовниот туризам. Охрид го доживуваат како можност за поинакво искуство каде ќе можат да се најдат рурални предели со уникатни пејсажи, прошетки по магичното езеро, плажи, бесконечно калдрмирани улици, а пред се, место со наследство под заштита на УНЕСКО!

Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за туризам потенцира дека бројот на туристи од Белгија продолжува да расте во континуитет. Во 2018-та во споредба со 2017-та година, растот на белгиски туристи во Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33%, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.

Уште поголемата заинтересираност за паување ќе ја надополните со организација на информативни патувања во Македонија за новинари, блогери, инфлуенсери и тур-оператори од белгискиот туристички пазар, кои ќе ја шират убавата приказна за нашата земја.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе