Во 2005 година Македонија потроши 276 милиони евра за увоз на храна и живи животни. Лани таа бројка достигна до 746 милиони евра. Најголем е растот на увозот на месо и преработки на место – 2005 година сме увезле месо и преработки на месо во вредност од 70 милиони евра, а лани за тоа сме потрошиле 148 милиони евра.
Македонското Министерство за земјоделство неодамна за 2023 година најави мерки за поголемо производство на домашна храна, а помалку увоз.
И премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со ваквата реформа парите ќе ги добиваат оние на кои им се најпотребни. Рече дека за следната година ресорот земјоделство ќе го има најголемиот буџет досега, кој, како што истакна е развоен.
Според СТО во последнве години земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а го ограничуваа извозот. „Членките ја зголемија примената на новите ограничувања на трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а неодамна во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна“, рече шефот на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.
Во такви услови, земјите првенствено го ограничија извозот на храна, утврди СТО.
„Од 78 извозни ограничувања за прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната (во Украина) на крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари во трговијата“, вели генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала и предупреди дека од средината на октомври бројките се зголемија, што треба да (нè) загрижува.