Светски ден на кафето

Македонија произведува 4,1 илјади тони кафе, Србија 20, а Италија на врвот со 616 илјади тони

Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Храватска – 10,7 илјади тони, потоа Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе. Најголем производител на пржено кафе во ЕУ е Италија со 616 илјада тони или 32 проценти од вкупното прозиводство на ниво на цела ЕУ, по што следат Германија со 571 илјади или 30 отсто и Франција со 149 илјади или 8 проценти.

Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.

Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од седум проценти споредено со 2010 година.

Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе