Македонија повторно се најде на листата „30 под 30” на Форбс за 2019 година

На 12 февруари, со отворање на Лондонската берза магазинот Форбс ја објави листата „30 под 30" за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија „социјални претприемачи" со нивниот модел на иновативно неформално образование – Креатив хаб (Creative Hub).

Во категорија социјално претприeмаштво се избираат млади кои преку своите бизнис идеи прават општествено добро, а Creative Hub во Македонија токму преку 5П концептот го подобрува образовниот систем и дава можност за стекнување на вештини и компетенции кои денес се бараат на пазарот на трудот.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап, односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски маркетинг настан, HR сабота, Photography Masterclass со фотографот на Вог...

Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Аријана Коскарова и Бојан Коскаров

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и ПР, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа учесниците да стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбс под 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф (познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, Камила Кабело, францускиот фудбалер Де Канте, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно...

Да потсетиме, ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од „Групер” и Жаре „Еден на Еден”.

 

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе