Македонија ќе увезе 8,5 тони медицински канабис од Лесото

Хајлендс инвестментс, лиценцирана компанија за производство на висококвалитетен канабис од Лесото склучи договор за извоз на 8,5 тони медицински ТХЦ и ЦБД канабис. „Вредноста на оваа пратка е 85 милиони долари. Во април годинава успешно извезовме 176,5 килограми сув цвет во Европа“, соопшти компанијата. Нема информација за тоа кој е увозникот од Македонија.

„Веруваме дека ова е една од најголемите испораки на медицински канабис и ова е значајна пресвртница за нашиот бизнис. Откако ја докажавме нашата способност да ги исполниме строгите барања за испорака со нашата априлска пратка, успешно ја обезбедивме големата продажба на остатокот од нашата жетва во 2021 година, која опфаќа нешто повеќе од 2.000 килограми ТХЦ и 6.500 килограми ЦБД канабис. За оваа пратка изнајмен е авион за транспорт до Македонија“, вели извршниот директор на Хајлендс инвестментс Марк Корбет.

Испораката на канабис е многу сложен процес бидејќи индустријата е внимателно следена и регулирана. И снабдувачот и примачот на производи од канабис треба да бидат лиценцирани. Превозните компании, исто така, бараат строго лиценцирање за преместување на суровини и материјали од канабис од држава во држава, пишува Канабислорипорт.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе