Во декември

Македонија ја посетиле 36.068 странски туристи, најпосетено било Скопје

Објавените податоци покажуваат дека во декември лани Македонија ја посетиле 36.068 странски туристи, најпосетено било Скопје, а според сместувачките капацитети престојувале најмногу во хотели со четири ѕвезди каде се сместиле 15.215 туристи, но и со пет ѕвезди 12.067 туристи.

Бројот на туристите во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи раст од 9,6 отсто, а бројот на ноќевањата 9,8 отсто. Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,1 отсто.

Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7.541 турист, од Грција 5.351, Србија 3.134, Албанија 2.654, Турција 2.358 и од Косово 1.725 туристи.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе