Денеска во Владата

Македонија и САД потпишаа Меморандум за 5 Г технологијата

Меморандумот го потпишаа премиерот Зоран Заев и американскиот потсекретар за економски раст, енергија и животна средина, Кеит Крач, кој за Заев изрече комплименти како за политичар визионер. Според Заев 5 Г-мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија.

По потпишувањето на Меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологиите меѓу Македонија и САД, американскиот потсекретар за економски раст, енергија и животна средина, Кеит Крач, упати благодарност до македонскиот премиер Зоран Заев за, како што рече, неговата визија, лидерство и пријателство.

„Северна Македонија е драгоцен стратегиски партнер и оваа церемонија на потпишување е доказ за силното пријателство меѓу нашите две држави", рече Крач.

Тој нагласи дека мрежите ќе бидат од витално значење за економски просперитет и стабилност во регионот.

„Чистата мрежа е сеопфатен пристап да се адресираат долгорочните закани за приватноста, безбедноста, соработката и човековите права, а по однос на Северна Македонија, мојата мисија е да се донесат што е можно повеќе приватни инвестиции", истакна Крач.

„Мислиме дека можеме да ја контролираме судбината на 5Г и ќе ги водиме луѓето кон безбедна и чиста иднина. Меѓутоа, она што е најбитно е дека со ова потпишување станува збор за довербата, која е основата во секој однос, деловен или личен однос, всушност купувате од луѓето на коишто им верувате.

Станувате партнери со луѓето на коишто им верувате. Ова значи градење на отворена интероперативна безбедна глобална комуникација која што се базира на споделени демократски вредности во чија основа се наоѓа довербата", рече Крач

Според премиерот Заев, кога се зборува за дигитализација како за четврта револуција, „5Г-мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија и ќе биде инструмент за трансформација, односно за дигитализација на традиционалните индустрии".

Заев нагласи дека Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, како и со политиките за безбедносните аспекти на имплементацијата на 5G-технологијата со стратегискиот партнер и сојузник во НАТО, САД".

Тој посочи дека имајќи ги предвид предностите на безжичната комуникација од петтата, односно 5Г-технологијата, овој Меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност.

„5Г ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци на 5Г-мрежите дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Република Северна Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговијата", нагласи Заев.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе