Македонија го издржа финансискиот удар од украинската криза, велат од НБРМ повикувајќи се на „Стандард и Пурс"

Народната банка денеска оцени дека потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс" е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата.

Фото: П.Џ.

„Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар, при што очекувањата на 'Стандард и Пурс' се дека овие притисоци ќе се намалуваат со постепеното намалување на цените на енергијата. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањe на државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви“, се вели во соопштението од Народната банка.

Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени и дека не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банки. Забележуваат дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што Агенцијата не очекува значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционални кредити останува ниска на 3 проценти, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17 проценти, со што тој и понатаму останува здрав и стабилен.

„Од страна на 'Стандард и Пурс' се посочува и на досега преземените мерки на Народната банка коишто се во насока на стабилизирање на инфлацијата, но и зголемување на преференците за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови“, наведува Народната банка во денешното соопштение.

Легенда под Главна слика

Фото: П.Џ.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе