Македонците најчесто купувале онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД, а од македонски веб продавници најмногу се купува онлајн со американски платежни картички, покажуваат податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на интернет страната на Народната банка.

Во текот на 2019 година со домашни платежни картички во странство реализирани се 3.375.597 онлајн трансакции во вредност од 100,3 милиони евра. Со странски платежни картички во земјава, пак, се реализирани 170.390 онлајн трансакции со вкупна вредност од 6,85 милиони евра, информира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Од вкупниот износ во вредност од 100,3 милиони евра кои Македонците во текот на 2019 година го потрошиле онлајн за купување производи од странство, дури 78,4 проценти од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји каде купувале, односно Унгарија, Обединетото Кралство, САД, Холандија, Ирска, Луксембург, Грција, Германија, Австрија и Шпанија.

Убедливо најголем број трансакции со домашни платежни картички (вкупно 1.294.814) се реализирани во корист на веб продавници кои потекнуваат од Обединетото Кралство.

Официјалните податоци покажуваат дека и странците купуваат онлајн од македонски веб продавници, па конкретно во 2019 година од вкупно реализираниот износ најголем дел припаѓа на имателите на картички од САД, Обединето Кралство, Канада, Швајцарија...  Топ 10 земји од каде се купувало онлајн во нашата држава се и  Бугарија, Австралија, Гераманија, Шведска, Турција и Италија.

Што се однесува до вредноста на трансакциите, просечната трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство е 1.012,00 денари, односно 5.268,00 денари кон Унгарија и 1.115,00 денари кон САД.

Американските картички реализирале просечни трансакции во вредност од 2.839,00 денари кон македонски веб продавници, додека картички од Обединето Кралство во просек плаќале по 2.305,00 денари.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе