Со прес-конференција пред Владата

МАКАМТРАНС и ГРИТГ потсетуваат на барањата за бенефициран стаж за дел од професиите

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска одржаа прес-конференција пред Владата во врска со нивното барање за бенефициран стаж на одредени профили на градежни работници, возачи на тешки транспортни возила, машинисти, хирурзи, лекари и сите други кои своите работни обврски ги извршуваат во специфични услови.

„Оваа проблематика не е почната оваа година, туку трае со години. Се сменија три влади, додека да дојдеме до оваа ситуација. Во одговорот од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, таа навестува дека ќе имаме успех. Успехот ќе биде постигнат само ако Министерството вклучи експерти во Комисијата и ако нѐ вклучи и нас“, изјави Атанас Трајковски, претставник на Независниот синдикат на градежни инженери и трговски во градежништвото.

Како дел од градежниот сектор, Трајковски посочи дека нелогично е градежен работник од 60 години да биде качен на скеле и да извршува висинска работа.

Страшо Јованов од МАКАМТРАНС порача дека потребно е организираност, единство и заедништво од членовите на синдикатот со цел да бидат исполнети нивните барања.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе