Макам-транс: Бараме прогресивен данок на доход, а не зголемена акциза на горивата

Асоцијацијата на превозници Макам-транс бара укинување на Уредбата за зголемување на акцизата за три денари и воведување прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

„Со оваа мерка сите правни субјекти подеднакво и солидарно според своите можности заеднички ќе учествуваат во прибирање на средства во буџетот – посебен фонд за надминување на последиците од корона вирусот – ковид 19, за разлика од нашата предложена мерка, акцизата во првите два-три месеци ќе биде на товар само на превозните трговски друштва за кои нафтените деривати се погонско гориво. Ниските цени на горивото се дел на „помош“ која секој превозник ја има, затоа што нема друга државна мерка која значи целосна помош и подршка без нејзино враќање или зголемување на обврските за кредити“, стои во дописот што Макам-транс го испрати до Владата во пресрет на протестот што го најави за во вторник следната недела.

Транспортната асоција бара и да се вратат во целост износите за Данок на додадена вредност (ДДВ) на сите превозни трговски друштва без да се вршат контроли во овој момент и тие да се спроведат по нормализација на состојбата во државата,  како и да се овозможи плаќање на рати (без камати) минимум за шест месеци на надоместот за користење патишта при регистрација на возниот парк и на делот за задолжително осигурување од автоодговорност и зелен картон. Бараат и да се овозможи компензација на средства кои значат побарувања за поврат на средства за некористење на патната инфраструктура во државата, како дел од однапред платен надомест за користење на патиштата при предходна регистрација на возилата и новата обврска која би настанала со регистрација на возилата 2020/2021 година.

Макам-транс, како што стои во дописот, бара и неселективно одобрување на кредити без камата.

„Да се додели на оние кои имаат минимални активности, но за да опстојат им треба средства за дневна ликвидност и исплата на плати без услови кои во најголем број случаи значи одбивање на барањата затоа што должат на државата даноци или некоја камата за задоцнето плаќање и тоа за многу мали износи, кои со одредена клаузула во договорот можат да се подмират. Правилото прв пријавен прв услужен во досегашната пракса сегде кај што се применувало имало ефект на зголемување на мито и корупција“, стои во дописот со кој се бара и да се даде можност на извршителите по приговор од должникот да ги повлечат извршните решенија кои треба да се решаваат по надминување на севкупната криза.

Анкетата што ја направила асоцијацијата за состојбата во одделот превоз на стока заклучно со 20 месецов покажала дека 61 процент од трговските друштва имаат пад на приходите за 50 проценти. За 50 проценти го намалиле користењето на возниот парк 38 проценти од фирмите, а 17 проценти рекле дека не работат воопшто. Некоја од економските мерки на Владата, стои во анкетата, искористиле 19,8 проценти од фирмите.

На прашањето колку долго ќе може да работите со сопствени средства 13 проценти одговориле дека можат да работат еден месец, 65 проценти навеле дека можат да работат од еден од три месеци, 16 проценти имаат можности за работа од четири до шест месеци, а шест проценти од трговските друштва од седум до 12 месеци.

„Одговорите од анкетата ја даваат правата слика и состојбата на одделот превоз на стока во услови на криза пред воведување на мерката за зголемување на акцизата, а согласно податоците со оваа мерка на зголемена акциза ќе има дополнително негативно влијание на податоците од спроведената анкета. Фактот дека превозните трговски друштва беа вброени во првиот сет на економски мерки на владата за нај загрозените дејности укажува на големото влијание на кризата во овој оддел од гранката транспорт, но со носење на Уредва за зголемување на акцизата за 3 денари и тоа до крајот на годината е спротивност на се предходно донесено како мерка за помош и подршка, особено на превозниците на стока“, стои во дописот.

Од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ кои обединуваат товарни и патнички превозници вчера соопштија дека  80 проценти од 1.000 транспортни фирми што ги контактирале изминатиот период рекле дека нема да поддржат протест  затоа што сметаат дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот.  Сепак, потенцираа, ова повлекува барање за подетално образложение на ефектите од оваа мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.

„Во состојба со која се соочуваме првпат, истакнуваат, треба да бидеме општествено одговорни. Да помогнеме каде што можеме и да бараме помош кога ни треба. Со оглед на загубите кои ги трпи и ќе ги трпи секторот, владата би можела да приоднесе со поопширни и поконкретни мерки на дневна основа пратејќи го текот на настаните. Очекуваме Владата да донесе нов сет на мерки, со кои би се ставил мораториум на кредитите на транспортните фирми додека трае вонредната состојба, да се укинат субвенците за авионскиот превоз и железничкиот превоз, и конечно да се реши проблемот со дивите превозници, а со тоа и ќе се зголемат средствата во буџетот“,  наведоа од АМЕРИТ.

Нивните проценки покажуват дека товарниот сектор трпи загуби од над 50 проценти. Тоа  се должи на намалениот обем на работа, откажани договори за транспорт, долги чекања на граници, па и затварање на границите за македонските превозници, каков што е случајот со Турција. Во секторот за превоз на патници, загубите се зголемени за 70 проценти со намалувањето на бројот на патници во внатрешниот превоз, а загубите за надворешен превоз се 100 проценти.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе