M-НАВ за ревизорскиот извештај: Проектот за АТМ системот доцни поради пропустите на претходното раководство

По објавениот ревизорски извештај за работењето на М-НАВ во 2018 година, ова државно акционерско друштво дава објаснување на некои од забелешките на ревизорите за нивното работење.

Одговорот на М-НАВ го објавуваме во целост.

По претходно спроведена постапка за долгорочно задолжување кај меѓународна финансиска институција, спроведена во координација со Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, М-НАВ АД Скопје на 24 септември 2013 година потпиша Договор за заем со ЕБОР за финансирање на „Проектот за модернизација на М-НАВ/ Надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза“ без обезбедување државна гаранција, во износ од 11.150.000 евра кој воедно е четврта кредитна линија склучена со ЕБОР, при што сите постапки и процедури за набавка се спроведуваат согласно политиките и правилата за набавка на ЕБОР (EBRD Procurement Policies and Rules).

Со Договорот за заем од 2013 се опфатени повеќе проектни компоненти за набавка на комуникациски системи, радарска и метео опрема, а како примарна компонента е набавка, инсталирање и тестирање на АТМ Систем вклучувајќи и техничко-оперативна сала за истиот.

До 2017 година наведените проекти требало да бидат реализирани, но истите не биле реализирани и каматите за повлечените средства од ЕБОР до тој период изнесувале 243 илјади евра.

По доаѓањето на новиот менаџмент во август 2017 година, извршена е ревизија на проектите при која се констатирани сериозни пропусти, посебно  во делот на поставување на стратешка инфраструктура на приватно земјиште – радар, за кое поради месечна закупнина од 500 евра во период од 20 години требало да се издвојат на приватно лице со што  би се  оштетил буџетот на М-НАВ АД Скопје во вкупен износ од 120.000 евра и да се потпише договор за почнување на градба на нова сала и нов АТМ систем на сѐ уште необезбедено легализирано земјиште со АУП и дозвола за градба.

При крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година  најпрво се изготви договор за обезбедување на земјиште за новата сала и новиот систем  кое што беше отстапено од страна на ТАВ, а до пред потпишување на договорот се обезбеди и маркицата, односно беше изготвен нов архитектонско урбанистички план и се обезбеди дозвола за градба.

Во однос на радарот беше обезбедена нова локација на државно земјиште и  ќе биде поставен без никаков финансиски надомест. Поради наведените пропусти дојдено е до задоцнувањето на реализација на овие два проекта опфатени во Договорот за заем потпишан со ЕБОР.  Мораме да нагласиме дека во период од три години новиот менаџмент доведе четири проекти до завршна фаза и го заврши најобемниот процес изглед и начин на функционирање на новиот АТМ систем, заедно со експерти од Еуроконтрол и консултантот од Франција, Егис Авиа, со што се одобри почнување на негово производство. За преостанатите два проекти се изготвија нови технички спецификации и истите се на одобрување пред објавување во ЕБОР.   

Во однос на делот каде што се наведува незаконско трошење на гориво веќе беа покренати и завршени судските постапки кон вработените вклучени во оваа злоупотреба  и согласно судско вештачење надоместена е финансиската штета по тој основ.

За тврдењата во ревизорскиот извештај за вработувањата, односно критериумите за вработување, начинот на прераспоредување на постојните вработени, исплатите на додатокот за прекувремена работа и делот на адвокатски услуги  од страна на М-НАВ АД Скопје беа доставени забелешки, но истите  не беа прифатени од за нас неразбирливи причини и на нас останува да постапиме по препораките од ДЗР.

Ве известуваме дека активностите поврзани со реализација на препораката за просторијата издадена под закуп за ресторанот од затворен тип, наменет само за вработените на друштвото, се во тек. УО веќе постапува по препораката за ДЗР.

Во врска со забелешката дека земјиштето, односно административниот објект Лазар Поп Трајков, кој што е завршен во 2017 година и во моментов е сместен финансово правниот сектор, и покрај неколкуте одржани состаноци со надлежните служби сѐ уште не е извршен технички преглед на градбата, бидејќи се чека од страна на Министерството за транспорт и врски и општина Центар објектот да биде впишан во АУП . Имено, напоменуваме дека во овој деловен објект лоцирани се повеќе државни иституции и М-НАВ АД Скопје има само 8% од вкупниот простор.

Како еден од најзначајните резултати од работењето на новиот менаџмент во последните три години е фактот дека основната главнина на Друштвото е зголемена за огромни 5 милиони евра и направено е значително намалување на непродуктивните расходи со што се докажа посветеноста и професионалниот однос, се вели во одговорот на АД М-НАВ на извештајот на Државниот завод за ревизија за нивното работење во 2018 година. 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе