Ја користат 304.912 граѓани

Лукаревска: „МојДДВ“ е успешна мерка, досега се скенирани над 140 милиони фискални сметки

Апликацијата „Мој ДВВ“ ја користат 304.912 граѓани, а досега се скенирани 143.788.631 фискална сметка. Вкупно вратениот поврат од ДДВ за трите квартали досега е 671.270.576 денари или 10.914.968 евра, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на одбележувањето на една година од воведувањето на проектот „МојДДВ“.

Лукаревска на прес-конференција кажа дека од воведувањето на „Мој ДДВ“ наплатата на ДДВ во периодот јули – декември бележи зголемување во просек за 11,2 проценти во однос на истиот период во 2018 година.

„Сметките се скенираат секојдневно. ‘МојДДВ‘ е успешна мерка која ја реализиравме. Таа е мерка за граѓаните. Продолжуваме и понатаму да ги поедноставуваме процедурите во УЈП и да ги подобруваме услугите“, рече Лукаревска.

Преку апликацијата „МојДДВ“, граѓаните во изминатиот период можеа да ги донираат средствата за борба против корона вирусот. Досега донирани се 5.809.613 денари, а можноста за отповикување ја искористиле 3.161 граѓанин.

Првиот поврат на ДДВ беше реализиран во декември лани при што на 151.498 граѓани им беа вратени 158.065.205 денари. Вториот поврат беше реализиран во февруари годинава кога на 186.515 граѓани им беа вратени 211.988.131 денар. Третата исплата беше реализирана во мај годинава кога 240.597 граѓани добија поврат од ДДВ во износ од 301.217.240 денари.

Освен преку мобилната апликација, граѓаните можат да ги скенираат сметките и преку БАР читачи поставени во 36 организациони единици на УЈП и седум киоск апарати во седум регионални дирекции на УЈП.

Проектот има две цели – да се поттикне издавањето на фискалните сметки и да се намали сивата економија, како и граѓаните да добијат поврат од ДДВ.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе