Повторно старите проблеми

Лукаревска: 245 работодавачи искористиле помош од Владата, а не исплатиле ноемвриска плата

Работодавачите кои не им ја исплатиле платата на своите вработени, имаат рок од седум дена да ги исплатат платите заедно со придонесите, во спротивно сметки ќе им бидат блокирани, а работниците своите пари ќе ги добијат преку присилна наплата, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска. 

Дури 245 работодавачи, според податоците од 31 декември, кои искористиле државна финансиска поддршка поради ковид-кризата за месец ноември во износ од 12.208.833 денари, не им исплатиле плата на своите вработени. Станува збор за вкупно 782 вработени лица кои својата плата ќе ја добијат со присилна наплата од фирмите, доколку во рок од една недела не ги исплатат платите, изјави денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Управата за јавни приходи на овие фирми им испратила опомени, со рок од една недела платите да им ги исплатат на своите вработени, заедно со редовните придонеси. Во спротивно ќе следи присилна наплата, односно, блокада на нивните трансакциски сметки и префрлање на средства на сметките на работниците и на УЈП.

Претходно, опомени биле испратени до 351 работодавач и тие во дадениот рок од седум дена ги исплатиле платите.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе