Владата одлучи

Лозарите ќе бидат исплатени

Лозарите што го продале своето винско грозје од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016, а досега не им е исплатено, ќе добијат дополнителна помош од државата, одлучи Владата.

Согласно донесената Предлог – одлука, висината на дополнителната помош ќе се утврдува според сортата на продаденото грозје, но нема да е повисока од просечната откупна цена за килограм во периодот од 2014 година до 2016 година.

„Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, како и врз основа на анализите на терен на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продаденоto грозје во 2014, 2015 и 2016 година. За таа цел, но и за да им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, се предлага да се исплати продаденото и ненаплатено винско грозје од страна на државата“, информира владината прес-служба.

За реализација на оваа дополнителната помош, Владата вчера ја прифати и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. Со неа се врши изменување на вкупниот износ на средства предвидени за растително производство и се додава нова мерка како Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе