Министерот за земјоделство

Лозарите да не потпаѓаат на партиски притисоци, повика Димковски

Лозарите да не потпаѓаат на притисоци од партиски структури како што беше случајот вчера со некои од нив. Отворени сме за соработка, за разговор, за дијалог, како и за сите барања, но тие треба да бидат издржани, базирани на сериозни анализи, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во врска со блокадата на патот Градско – Прилеп кај Росоман.

Тој рече дека последните три месеци постојано комуницират и, имајќи ја на ум целата бербена реколта, укажале дека ќе интервенираат со мерка поголема од лани, а сакаат да ја дизјанираат заеднички.

„Вчера некои лозари потпаднаа на партиски притисоци од другата страна. На протестот стигнавме 15 минути порано. Имавме прилика да видиме како со автобус се носат луѓе од Демир Капија. Во разговор со нив, сами кажаа дека се партиски претставници и дека со земјоделството немаат многу врска, ниту дека ги интересира“, рече Димковски.

Протестот, како што кажа, бил поделен на две групи. Оние што навистина биле лозари, пристапиле, разговарале со него, се поздравиле. Тоа биле седум – осум луѓе. Ги прашал за нивните барања. На 15 – 20 метри стоела друга група луѓе кои, како што сами се изјасниле, биле партиска структура што ги поддржува лозарите.

Интервентната мерка по исплатените дополнителни еден денар за килограм предадено грозје, допрва ќе се донесе.

„Рековме дека ќе биде денар повеќе од лани. Не би сакале да избрзаме со носењето на одлуката, туку ќе седнеме со лозарите и заедно ќе ја димензионираме мерката што ќе даде најдобар ефект. Досега, сѐ што е понудено е откупено. Така очекуваме да биде и со последните сорти кои се предаваат. Тогаш ќе имаме точна евиденција и ќе решиме дали ќе одиме по килограм, површина или ќе се одлучиме за некоја трета форма, секако, заедно со производителите“, изјави Димковски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе