Лидери од регионот во Александруполи градат енергетска независност од Русија

Важноста на новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи за енергетска независност од рускиот гас и диверзификација на изворите, ја истакна премиерот Димитар Ковачевски, на заедничката свечена церемонија со премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел. Мицотакис и Петков го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот, а Вучиќ предупреди дека во Македонија треба уште многу работи да се направат.

Премиерот Ковачевски во обраќањето рече дека „ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката" и станува збор за проект за „долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време".

„Ние како премиери и претседателот на Србија, испраќаме порака дека во тешки времиња пријателите и соседите треба да бидат заедно и да се помагаат. Во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ и со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека користењето на нови извори на енергија и замената на јагленот со гас се нашите најважни стратешки интереси.

Во гасниот терминал во Александропули, Северна Македонија ќе партиципира со 10 отсто, а уделот на сопственост во гасната централа е 25 отсто.

Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент".

Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа.

Осврнувајќи се на присуството на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Мицотакис рече дека тоа „ја симболизира европската димензија на овој проект", кој е „со важен геополитички отпечаток".

Мишел, од своја страна, рече дека новиот терминал нема да помогне само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени и дека овој проект испраќа јасна порака дека „ја земаме судбината во наши раце“.

„Не седиме и разговараме за стратегиската автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина“, рече Мишел.

Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската Унија нема да успее". Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Петков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа", известува МИА.

Претседателот на Србија Вучиќ се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии.

„Ова е важен настан за целиот регион. Бев скептичен, но кога сега гледам дека работите се подготвени, многу сум задоволен. Благодарни сме и подготвени да прифатиме поголеми количества на гас во иднина. Србија треба да гради системи за поврзување со Бугарија со цел да се добие повеќе гас. Нешто ќе мора да се направи на поврзувањето на Северна Македонија, таму ќе мора уште многу работи да се сработат“, изјави Вучиќ, а пренесува РТ Србија. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе