Левица: Тренчевска не им исплати 1.000 денари на лицата кои треба да примат помош

Mинистерката за труд и социјална политика Тренчевска не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош и лицата со попреченост, реагира денеска Левица.

Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на кои овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни, нагласуваат од партијата.

„Ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.

Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет.

Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари.

Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост.

Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор“, наведува Левица.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе