Со мерката Практиканство на над 1.600 млади лица до 34 години им се овозможува да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место, рече Лазаревска и додаде дека лицата ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за период до три месеци.
„Мерката Вработување и раст на правни субјекти овозможува работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Оваа мерка ќе опфати 262 невработени лица евидентирани во АВРСМ од следните целни групи: млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на панадемијата ковид-19 и Роми“, рече таа и додаде дека тоа е појаснувањето од Агенцијата за вработување.
Лазаревска ги повикува сите лица кои ги исполнуваат условите да конкурираат во еден од триесетте центри за вработување или онлајн на веб страницата на Агенцијата за вработување.
„Оперативниот план како една од клучните алатки за намалување на стапката на невработеност за оваа година има буџет од 30 милиони евра и со него ќе се опфатат околу 15.000 невработени лица. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи и во време на криза продолжува со реализација на ефикасни мерки кои го унапредуваат животниот стандард и ја намалуваат стапката на невработеност“, нагласи пратеничката Лазаревска.