Статистика

Лани нови 5.000 граѓани станале сиромашни, сега се вкупно 450.050

Според рангирањето на Државниот завод за статистика, лани повеќе од 5.000 нови граѓани влегле во категоријата сиромашни. Минатата година Македонија ја заврши со стапка на сиромаштија од 21,8 отсто од населението или вкупно 450.500. Во споредба со 2015 порастот изнесува 0,3 отсто.

Државниот завод за статистика соопштува дека алермантен е порастот на сиромашни меѓу самохраните родители со издржувани деца. Стапката на сиромаштија на домаќинствата од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 била 21,2 отсто, но највисока стапка на сиромаштија, од 50,6 проценти, има кај домаќинствата со три и повеќе издржувани деца. Сиромаштијата пораснала кај мажите, кај лицата од 18 до 64 години, а се намалува кај пензионерите. Стапката на сиромашни пензионери е 7,1 отсто. Невработените се со најголема стапка на сиромаштија, 41,1 отсто, а 9 отсто сиромашни има и кај вработените.

Новата Влада вети дека до 2020 година стапката на сиромаштијата ќе биде под нивото од 16 проценти. 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе