Лани 2 милијарди евра извоз од компаниите од ТИР3

Преземените активности во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2017 година, особено во втората половина од годината, бележат позитивни резултати со бранот на нови инвестиции и реинвестиции од компаниите во зоните.

По објавувањето на Планот за економски раст забележан е зголемен интерес за нови инвестиции на компании со домашен и странски капитал, одредени проекти се во различни фази на реализација, што укажува на раздвижување на инвестициската активност на компаниите, стабилизација на деловната и политичка клима и услови за поинтензивен економски раст на Република Македонија во 2018 година.

Во 2017 година вредноста на извозот на компаниите од ТИРЗ надмина 2 милијарди евра,  што претставува пораст од 29,2% во однос на остварениот извоз во 2016 година. ТИР зоните за прв пат нудат еднакви и транспарентни услови за инвестирање и ги отвораат своите врати за домашните инвеститори. Во согласност со зголемениот инвестициски интерес пројавен по однос на мерките од Планот за економски раст и најавите за нови инвестиции се очекува извозот од ТИРЗ да има нагорни стапки на раст и во наредните години.

Во ТИР зоните веќе се одвиваат активности со забрзана динамика. Во последниот квартал од 2017 година поставен е камен-темелник на турската компанија „Чагатај Кабло“, за производство на жици и кабли, а потпишани се и инвестициски договори со турската компанија „Мурат Тиџарет“ која ќе производува кабли и електрични инсталации и со германската компанија „Кеслер“ за производство на електромотори. Се реализираат нови инвестиции, се отвораат нови работни места, а со оглед на тоа дека станува збор за извозно ориентирани компании се очекуваат позитивни ефекти во зголеумвање на извозот.

Еден инвестициски проект е во завршна фаза и во брзо време се очекува компанијата да ја донесе одлуката за инвестирање по што ќе биде потпишан  и договор помеѓу раководството на компанијата и Владата.

Македонската компанија „Хај-Тек“  и германската компанија „Герман електро системс“ според најавите се очекува да започнат со работа на почетокот на 2018 година, додека италијанската компанија „МСА“ е во финална фаза на изградба на новата фабрика.

По објавувањето на мерките од Планот за економски раст за поттикнување на инвестициите, донесени од Владата, неколку компании најавија проширување на постоечките производствени капацитети во зоните. Дополнително, повеќе инвестициски проекти со домашен и странски капитал се во различни фази на реализација, што укажува на раздвижување на економската инвестициската активност и добри перспективи за зголемување на извозот од ТИР зоните во иднина, соопшти Дирекцијата ТИР3.

 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе