Лакалут натпревар: Разоткриј ги „чудовиштата на твојот заб“ и освој годишна залиха

Колку знаете за плакот што се создава на забите на децата и што треба да преземете за темелно да го отстраните? Ексклузивниот застапник за линијата Лакалут, Натусана Македонија, подготви кампања за да ги едуцира родителите за правилната орална хигиена кај децата со цел отстранување на плакот, што е потребно за да се заштитат нивните заби, која храна треба да се јаде, а која да се одбегнува и останати важни совети.

 Во склоп на кампањата, Натусана организира и голем награден натпревар на kids.lacalut.mk во кој ќе можат да земат учество семејства со дечиња над четири годишна возраст, кои ќе го купат специјалното пакување од детските пасти за возраст од 4-8 и 8+ со гратис раствор за отстранување на плакот.

Малите невидливи „чудовишта“ (производ на храната и пијалаците што се консумираат секојдневно) се присутни на површината на забите и многу често се случува поради неправилна техника на четкање, овие остатоци да формираат плак што останува на забите и може да предизвика кариес. Специјалните нови пакувања од детската линија Лакалут, наменети за возраст од 4-8 и 8+ кои во себе вклучуваат гратис раствор за детектирање на плакот, ќе им помогнат на родителите и дечињата лесно да го детектираат плакот, а со тоа да се погрижат најмалите членови во семејството да практикуваат темелна орална хигиена. Сите информации потребни за правилна темелна хигиена и отстранување на плакот, на родителите им се достапни на kids.lacalut.mk.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе