Лабораторијата во „Аџибадем Систина“ е единствена која што изведува два типа тестови за коронавирус

Најголемиот предизвик во спречувањето на ширењето на епидемијата со коронавирусот е откривањето на асимптоматските случаи. Ефикасен начин да се откријат овие тивки преносители е масовното тестирање со брзите серолошки тестови кои вршат детекција на антителата што организмот ги создал против вирусот. На овој начин, се открива реалната бројка на заболени, а не само бројката на позитивни лица кои се тестирани поради веќе појавени знаци на инфекција. На пример, при тестирањето на населението во Исланд речиси 50% од позитивните случаи на тестовите се луѓе кои немале никакви симптоми.

Единствено во „Аџибадем Систина" се изведуваат двата типа тестови за коронавирус Лабораторијата на Клиничката болница „Аџибадем Систина" е единствената лабораторија во земјава која нуди можност за изведување на двата типа тестови за коронавируост: брз серолошки тест и PCR молекуларен тест. Со брзиот серолошки тест се врши детекција на антителата IgG и IgM како резултат на претходен контакт со вирусот SARS-CoV-2.

Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусот преку имунолошкиот статус на телото. Тестот се изведува со земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од 10 минути.

Употребата на брзите тестови е потврдена и препорачана и од FDA – Американската асоцијација за примена на храна и лекови, а сè поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за користење на овие тестови како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението. Со PCR-молекуларниот тест се докажува присуство на вирусот SARS-CoV-2. За да се изведе тестот се зема примерок преку брис длабоко од грлото и носот. Примероците за тестирање се земаат во специјален пункт што е целосно одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита.

Лабораторијата на „Аџибадем Систина" работи според светски признаени стандарди и е верифицирана од kомисија на Министерство за здравство. Покрај тестирањата во болницата, „Аџибадем Систина" со мобилна екипа и опрема нуди можност и за организирано тестирање со двата типа тестови во кој било град во државата, по претходно барање од страна на фирми, институции и сл. Масовното тестирање помага да се рестартираат економијата и социјалниот живот и по епидемијата Резултатите од серолошките тестови покажуваат дали сте имале контакт со вирусот и дали сте создале одреден имунитет.

Луѓето кај кои е докажан стекнат имунитет би можеле безбедно да излегуваат од своите домови и да помогнат во зајакнувањето на работната сила. Тоа во првата фаза е важно за здравствените работници кои се на првата борбена линија. Но, покрај нив, масовното тестирање во светот ги опфаќа и најчувствителните групи: децата и повозрасното население.

Според експертите, масовното тестирање ќе помогне во намалување на ризиците да се појави секундарен епидемиски бран, оној момент кога рестриктивните мерки ќе се релаксираат. По Кина, САД и светот, трендот на масовно тестирање почна и во земјите од Балканот Светската здравствена организација и понатаму е децидна во препораките - воведување рестриктивни мерки и масовно тестирање на населението.

Благодарение на масовното тестирање и строгиот карантин кои ги презема Виетнам, државата со 95 милиони жители нема ниту еден смртен случај, и покрај фактот што се граничи со Кина. Масовен скрининг на населението со серолошките тестови активно се користи и во Кина, Сингапур, САД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Индонезија, Бразил, Романија... Лидери во Европа се Австрија и Германија чии лаборатории изведуваат речиси 50.000 анализи дневно.

Покрај Бугарија, од минатата недела и Словенија започна со примена на серолошките тестови, а следна земја на Балканот е Хрватска, која најави дека преку масовното тестирање сака да докаже дали се реални досегашните официјални бројки на заразени со коронавирусот. Според најавите на здравствените власти, масовното тестирање во Македонија ќе почне кон средината или крајот на летото. 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе