Квалитетна арматура како предуслов за безбедни градби

Во присуство на голем број стопанственици од градежниот сектор, претставници на академската заедница, стручната јавност и институциите, се одржа конференцијата „Квалитетна арматура – безбедни градби“ во организација на Дојран стил во соработка со Стопанската комора на Македонија – Здружение на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите, Градежниот факултет – Скопје, Институтот за земјотресно иженерство и инженерска сеизмологија – Скопје и Институтот за стандардизација на Македонија.

Конференцијата претставуваше можност за презентирање на актуелните прашања поврзани со квалитетот на градежните производи со акцент на арматурата, споделување на практичните искуства на инженерите во секојдневното работење и согледување на потенцијалите и перспективите за натамошен развој на градежништвото и индустријата на градежни материјали.

„Потребно е заедничко дејствување на научната јавност и реалниот сектор во насока на зголемување на квалитетот на градежните материјали и градбите, што доведува до бенефит не само за државата, туку и за бизнис заедницата и за граѓаните. Во таа насока Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ќе продолжи со своите заложби за континуирано следење на тековните состојби во градежништвото и индустријата на градежни материјали, посочување на проблемите со кои тековно се соочуваат градежните компании и давање предлози и препораки за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти и квалитетот во градежниот сектор“, истакна во своето обраќање претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски.

 

Во излагањата, говорниците на конференцијата се осврнаа на најновите трендови во областа на стандардите за квалитет и безбедност на арматурата, техничката регулатива за утврдување на квалитетот на арматурно бетонско железо и можните проблеми при неговото вградување, сертификацијата на челик за армирање бетон, а воедно беше презентирана и палатата на производи од челик на Дојран стил како единствен производител на разни производи челик за армирање на бетон во земјата.

На настанот кој претставуваше спој на теоретските и практичните искуства во однос на арматурата, свои презентации имаа и истакнати професори, експерти со долгогодишно искуство и претставници на компании – членки на Комората, меѓу кои Гранит АД Скопје, Градежен институт Македонија – ГИМ и Дојран стил.

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе