КСОМ соопшти дека е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор. Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од ковид-19, велат од овој синдикат и додаваат дека ја поздравуваат кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но и нагласуваат дека на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело.
„Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедување решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, велат од КСОМ.