Реакција по изјавата на министерот Филипче

КСОМ е против задолжителна вакцинација на вработените

Мнозинството работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и ние силно го почитуваме нивниот избор, реагира Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСОМ) по изјавата на министерот Венко Филипче кој препорача како во јавниот сектор, така и во приватниот вакцинацијата на работниците на стане задолжителна или пак ПЦР-тестовите на трошок на вработените.

КСОМ соопшти дека е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор. Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од ковид-19, велат од овој синдикат и додаваат дека ја поздравуваат кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но и нагласуваат дека на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело.

„Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедување решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, велат од КСОМ.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе