Круна МС - 30 години научното истражување и најновата технологија

Во земја каде што условите се непредвидливи и брзо се менуваат, одржувањето на постојан квалитет во работењето и создавање на триесетгодишна традиција на континуиран раст и развој е исклучителен предизвик и достигнување. Но поликлиниката Круна МС со својот постојан врвен квалитет и јасна визија создадена уште на почетокот на деведесетите години, покажа дека е возможно една идеја да стане реалност.

Круна МС е пионер во приватната стоматолошка дејност кај нас и уште од основањето во 1991 година успеа да го достигне реалниот светски врв во практичната модерна стоматологија. Потврда за тоа се над 150.000 посети на пациенти од земјата и странство, како и премиум партнеството со најголемата светска здравствена осигурителна компанија Интернешнл СОС (International SOS) како и други  меѓународни осигурителни компании од областа на здравството: Vanbreda, Allianz, GBG, TBS 24, како и акредитациите од странските амбасади и меѓународните организации во нашата држава.

Врвната работа и иновациите кои Круна МС секојдневно ги применува во своето работење се докажуваат и преку фактите дека Круна МС е сопственик на првиот приватен стоматолошки рентген панорамикс кабинет кај нас, првиот стоматолошки дигитален РТГ кабинет, препознатлива е и по ултра тенките порцелански ламинати кои се нејзин заштитен знак, изработката на циркониум коронки и мостови, прва го претстави ласерското белеење на забите на пациентите, единствена ординација е во нашата држава која ја нуди најдобрата светска терапија со безбојни алајнери Invisalign во ортодонтската терапија, прва ординација која направи спој меѓу стоматологијата и  анти-ејџинг медицината и е прва eco-friendly ординација во Македонија.

Сè ова не би било возможно без извонредниот тим кој не се менува со текот на годините предводен од проф. д-р Славе Наумовски. Успехот на тимот се должи на тоа што тие го препознаваат значењето на заедничкото работење и тимски дух, истовремено тие се и вистински професионалци со постојаната желба за напредок во својата работа, а задоволството на своите пациенти е секогаш на прво место. Следејќи ги светските трендови во модерната стоматологија, Круна МС е меѓу првите која комплетно ги дигитализираше своите услуги од областа на протетиката и ортодонцијата, нудејќи им на пациентите физиолошка функционалност, врвна естетика, сигурност и комфор при изведувањето на нивната терапија. Составен дел на Круна МС е и првата приватна клиника за максилофацијална хирургија-хирургија на лице вилици и врат со што се заокружува комплетна нега и грижа на пациентите.

Круна МС сите овие години е препознатлива и по поддршката која ја дава на стручните и хуманитарни собири и акции, зајакнувајќи ја својата позиција како општествено одговорна здравствена специјалистичка установа. Затоа, со право таа е најпрепознатливиот бренд во стоматолошката дејност кај нас, добитник на тројно признание – Супербренд, синоним за долга традиција наградена со огромниот број на задоволни пациенти.  

Комерцијален текст

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе