Кроација осигурување AД - неживот го доби ИСО сертификатот за квалитетно управување

Кроација осигурување АД - друштво за неживотно осигурување го имплементираше системот за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015.

„Највисокиот менаџмент заедно со оперативното раководство за квалитет на Кроација осигурување АД - неживот во изминатиов период беше насочено кон имплементација на нов стандард за квалитет, кој во домен на неживотно осигурување не е едноставен за имплементација поради низа комплекности на процесите. Процесот се одвиваше во неколку фази а основата беше скенирање на сите процеси во работењето и формирање на процесни матрици кои ќе донесат квалитет, брзина но и контрола во сите домени од работењето. Резултатот беше успешна сертификација од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance. Тоа што многу малку компании во нашата држава поседуваат ваков сертификат нѐ прави препознатливи по уште една значајна карактеристика – квалитетот во работењето“, изјави Вилма Учета Дузлевска, генерален извршен директор на Кроација осигурување неживот АД Скопје.

Политиката за квалитет произлегува од мисијата и стратегијата на друштвото и е дел од неговата деловна политика. Основната цел е да ги регулира активностите на осигурување во насока кон висока професионалност и  квалитет на услугите, континуирано следење на задоволството на клиентите преку нивни препораки и барања, одржување на задоволство и мотивираност на вработените како и следење на ризиците и проактивно учество во спречување на истите, но и мерливост на резултатите и нивна ефективност и ефикасност, соопшти компанијата.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе