Општествената одговорност е присутна во сите активности на компанијата, која отсекогаш ги поддржувала долгорочните проекти што имаат трајни вредности за локалната заедница, како и за пошироката јавност.
Кроациа, како водечка осигурителна компанија на македонскиот пазар, одговорно управува со ресурсите и се вклучува во поддршката на спортот и промовира здрав начин на живеење. Овојпат акцентот е на младите спортски таленти во тенисот и во ракометот на кои им се потребни дополнителни средства за натамошен развој во спортската кариера.
Од тие причини, компанијата реши да го спонзорира 15-годишниот тенисер Филип Стојановски, кој активно тренира и се натпреварува во Македонија, но и на меѓународната сцена. Минатата година Филип успешно настапуваше на домашни и на интернационални турнири и годината ја заврши како прв во Македонија на возраст до 14 години и 143-ти во Европа.
Покрај младиот и талентиран тенисер Филип Стојановски, Кроациа осигурување се вклучи и во спонзорство на ракометниот клуб Вардар Неготино. Младите ракометари на Вардар Неготино моментално се натпреваруваат во Првата ракометна лига и имаат изгледни шанси следната година да се најдат во најсилната македонска ракометна Суперлига.
Комерцијален текст