Народна банка

Кривични пријави за стечајот во „Еуростандард банка“

По затворањето за работа на „Еуростандард банка" АД Скопје, од Народната банка информираат дека се поднесени и кривични пријави. Од Централната банка велат дека и покрај големиот интерес на медиумите, поради почитување на пресумцијата на невиност, не се во можност да споделат детали во однос на одговорните лица за кои се поднесени кривични пријави.

Во соопштението од Народна банка се вели:

„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка" АД Скопје – сега во стечај. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите".

Народната банка уште еднаш потенцира дека не би можела да сподели повеќе информации.

Дозволата за работа на „Еуростандард“ беше одземена во август поради неисполнети минимални услови за работа.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе