Царина

Кривична пријава за две фирми, не платиле акциза од 4,7 милиони евра за увезен необработен тутун

Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднела кривична пријава против две фирми од Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица за избегнување плаќање акциза во вредност од над 4,7 милиони евра.

Како што соопштија од Царинската управа, се работи за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150,00 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра.

„Имено, се работи за десет увози на тутун во лист од типот ‘Вирџинија‘ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во месец  декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза“, пишува во соопштението.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршиле претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.

Само изминативе денови, во рамките на своите редовни активности на Одделението за истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат успешно се реализирани акции за заплена на режан тутун кој нелегално се продава на зелените пазари при што се запленети 284,5 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба и 413 кутии по 200 парчиња или вкупно 82.600 парчиња филтри за полнење на цигари. Државниот пазарен инспекторат изрече 11 платни налози за нерегистрирана дејност.

„Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачки на државата, но и дека е извршена контрола на квалиетот. Акцизните производи учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%. Над 40% од приходите од акцизи се од цигарите и тутунските производи. Ако се знае висината на буџетот, станува збор за значаен извор на приход“, вели директорот на Царина, Горан Сугарески.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе