„Ковид 4“ – 10 милиони евра нова бескаматна кредитна линија за компаниите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовираше бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, како дел од шестиот пакет антикризни мерки.

Како што изјави на прес-конференцијата Битиќи, оваа кредитна линија предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите.

„Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макроекономски индикатори, повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија“, рече Битиќи.

Тој дополни дека износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност на бројот на вработените и падот на приходите, а роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период. 

„Во оваа кредитна линија е овозможена и грант компнента до 50 отсто на кредитот доколку корисниците на кредитите ги исполнат потребните услови, а тоа е во 2021 година да имаат пет отсто повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 година да се зголемени за 10 отсто во однос на лани“, рече Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека во последните три месеци се бележи раст на индустриското производство – и тоа во март за 7,6 отсто, во април дури за 46,1 отсто и во мај за 16,5 отсто, во однос на соодветните месеци во 2020 година. 

Битиќи истакна и дека меѓународната трговска размена бележи сериозен раст од 41,5 отсто во првите пет месеци од 2021 година, во споредба со истиот период лани, додека извозот расте со стапка над 44 отсто, а покриеноста на увозот со извоз во овој период е 73,7 посто.

Тој истакна и дека според податоците од ДЗС, вкупниот број на вработени изнесува 793.121 лице, додека стапката на невработеност е стабилна и изнесува 16 отсто, а просечната нето плата во април 2021 година изнесува 28,438 денари или над 10 отсто повеќе во однос на април 2020, и, како што рече, сериозно се доближувме до просечната плата од 500 евра.

Вицепремиерот потсети дека Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупно проектирана вредност од околу 1,1 милиијарда евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференцијата истакна дека се работи на тоа оваа година да биде година на заздравување на економијата, но и година за воспоставување на основите за забрзан и здрав и одржлив економски раст.

„Приоритетите кои се дадени на програмата на оваа Влада се дека во наредниот период настојуваме да го зголемиме, односно економскиот раст да достигне над четири до пет проценти ма годишно ниво, како и раст на нивото на плати за 20 до 30 отсто на акумулативно ниво на среден рок“, рече Бесими.

Бесими рече дека со новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“, дури до 50 отсто од кредитот може да се искористи како грант, додавајќи дека се очекува позитивен ефект од оваа кредитна линија, како што имало позитивни ефекти од претходните три бескаматни кредитни линии од Развојната банка во износ од 44,1 милиони евра, со кои беа поддржани над 4.000 фирми со вкупен број од 36.800 вработени.

Тој додаде дека дополнително ќе се поддржат стопанските субјекти со гарантниот фонд кој ќе гарантира кредити до 500 илјади евра на микро мали и средни претпријатија, што исто така, како што рече, ќе придонесе за поддршка нашата економијата.

Директорот на Развојна банка Кире Наумов истакна дека за новата линија „Ковид 4“ ќе може да аплицираат малите, микро и средни компании што имале најмалку 30 отсто пад на приходите во 2020 година во однос на 2019 година.

Наумов исто така рече дека за оваа линија ќе може да се пријават компании од 23 шифри на дејност, а тука влегуваат оние од областа на превозот, угостителството, ивент индустријата, како и занаетчиите и приватните здравствени установи.

На конкурсот нема да може да се пријават единствено фирмите кои користеле поддршка за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки.

Наумов истакна дека максималниот износ на кредитот е 30 илјади евра, а минимален изнесува три илјади евра, додека рокот на отплата е до 42 месеца, со грејс период од 12 месеци.

Компаниите ќе можат да аплицираат за оваа кредитна линија почнувајќи од 15 јули.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе