Ковачевски: За домаќинствата до декември ќе ја субвенционираме цената на струјата до 80%

>Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го намали ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80% на сметките на граѓаните. Тие мерки продолжуваат до крајот на годинава, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од Пробиштип.

„Во овој момент се прави редизајн на дел од мерките и за цените за храната и кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен нов сет на мерки. Не се сите мерки укинати. Поддршката која се дава на граѓаните со најниски примања е останата на сила, следува усогласување на пензиите во септември. Во најголемиот дел од секторите, во јавниот сектор платите се зголемуваат. Исто така во делот на електрична енергија остануваат мерките до крајот на годината“, рече Ковачевски.

Во ребалансот на буџетот предложен во Собранието, веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки.
„Знаете дека во пакетот од 400 милиони евра имаше дел кој се однесува на компаниите и тоа повеќе мерки за гарантен фонд за подигнување на кредити, потоа кредити со ниска каматна стапка за одржување на ликвидноста и кредити преку развојната банка и комерцијални банки со субвенционирани камати заради енергетска трансформација и имплементација на обновливи извори на енергија во компаниите. Една од тие компании е и „МАКТАБ“ која информираше дека е во финална фаза на отпочнување на изградба на 6 мегаватна централа која што ќе ја снабдува фабриката со електрична енергија“, рече премиерот.
Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски потсети дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да ја злоупотребуваат позицијата на растечки цени од увоз и на тоа да додаваат поголеми маржи.
„Инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведување на законот, на добрите практики на однесување во услови на најголема криза“, рече Ковачевски.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе