Ковачевски: Социјално-енергетската трансформација треба да се базира на солидарност, соработка и инвестиции

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа" истакна дека она што треба да се направи за социјално праведна енергетска трансформација на Европа се базира на три принципи а тоа е соработка, инвестиции и солидарност. Како претставник на Владата друштво на премиерот му правеше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. И двајцата денеска беа дел од учесниците на Социо-еколошкиот форум (СЕФ) во организација на фондацијата „Фридрих Еберт", Меѓународниот центар „Олоф Палме" и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Премиерот Ковачевски се осврна врз, како што рече тој, како изгледа социјално еколошката транзиција во услови на растечка инфлација, во услови на недостаток на енергенси и во услови на работа со капацитети кои се изградени во времето на Социјалистичка Југославија.

Во такви услови, вели премиерот, она што треба да се направи треба се базира на три принципи а тоа е соработка, инвестиции и солидарност.

Од друга страна, вели тој, мора да се обезбеди електрична енергија за функционирање на економијата за функционирање на граѓаните, таа да биде по цена којашто може да ја поднесат и граѓаните и економијата.

„Ако имате цена која не може да ја поднесат нема да можат да ги платат своите сметки, неплатените сметки во исто време значат неликвидност на енергетскиот систем и недостаток на електрична енергија. Третата работа, во услови на криза секогаш е добро да се инвестира и да се користи како можност за трансформација. Тоа се основите на кои се градат политиките, јас би рекол на сите држави во овој регион. Кога ќе ги погледнете стапката на инфлација во Европската Унија (ЕУ), стапката на инфлација во регионот. Иста е. Кога ќе погледнете недостаток на електрична енергија во ЕУ и тука, исти се. Кога ќе погледнете цена на електрична енергија во ЕУ и во регионот, исти се. Тоа значи дека и да ни дадат експертиза не знам што би се променило.“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Но, она што треба да го правиме според премиерот Ковачевски е сите заедно да обезбедиме соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

„Таа е клучна во вклучувањето на земјите од Западен Балкан во заедничкиот пазар за снабдување со гас и енергенси. Во пакетот помош кој не беше наменет само за земјите од ЕУ туку и беше наменет и за земјите од Западен Балкан. Кога зборувам за соработка зборувам за таква соработка. Тоа е нешто за кое мора да се оддаде признание на Европската комисија и особено на претседателката. Таа соработка се однесува и во делот на инвестиции, бидејќи со војната во Украина има најмалку два парадокси. Едниот е што инфраструктурата што беше градена 50 години а тоа е инфраструктура од исток кон запад за пренос на нафта. Значи Северен тек 1, Северен тек 2 итн., тие практично се нефункционални. Тоа е првиот парадокс. Постоечка инфраструктура веќе не може да се користи. Вториот е што и Русија со својата непромислена и неоправдана војна во Украина не може да продава веќе енергенси по таа инфраструктура, но мора да продава на исток каде нема инфраструктура. Сега тие ќе треба да градат инфраструктура кон исток, кон Кина, Пакистан итн.“, признава Ковачевски.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето на панел дискусијата рече дека Владата работи за да развие и да усвои законодавство со што граѓаните ќе го предводат фронтот во енергетската транзиција.

„Неодамна ги олеснивме инвестициите на граѓаните и компаниите во производството на обновлива енергија со поедноставување на процедурите и подигање на свеста на граѓаните и малите и средните претпријатија да преземат проактивна улога во нивното производство на енергија. Но, ова е само почеток. Имаме уште многу да направиме за да ги вклучиме граѓаните како партнери во енергетската транзиција.

Според него, сега повеќе од кога било, Европа и регионот се соочуваат со историски предизвик за обезбедување на еластично снабдување со енергија и одржлива економија и воспоставување релевантна климатска политика, рече Битиќи и нагласи дека ова може да се случи само ако членките и земјите аспиранти работат заедно.
„Прво, европските земји се клучни извозни дестинации во Северна Македонија, а нашите најголеми трговски партнери се Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. Второ, најголем дел од нашите странски директни инвестиции (СДИ) ги добиваме од европските земји. Главните земји кои инвестираат во Северна Македонија се Велика Британија и Австрија, а потоа следат Грција, Холандија и Словенија. Но, и покрај тешките околности на оваа енергетска криза, Европа е на траекторија да го демократизира производството и користењето енергија, а овој тренд е нешто што и треба на Северна Македонија и јас целосно го поддржувам, бидејќи праведната транзиција е совесен избор за секоја влада", рече Битиќи.

Според него, даночните обврзници знаат како јавното претпријатие за производство и пренос на енергија ги троши своите пари и како функционира. Тој порача дека демократизацијата на енергијата е совесен избор кој е праведен за сите, избор кој, како што рече, никого не остава зад себе и создава и поттикнува зелени работни места.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе