Ковачевски: Роковите за помош за исплата на плати продолжени

Фирмите и самостојните вршители на дејност за мерката за помош за исплата на плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава, објави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.

Во објавата додава дека за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани од 6.000 денари од четвртиот пакет мерки, за оние кои не успееја да ја ползуваат мерката, ќе се даде дополнителен рок до 31 мај за ажурирање на податоците за да можат истата да ја искористат.

„Роковите се продолжени преку амандмани усвоени денес на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, со цел за да граѓаните и фирмите имаат реални рокови за да ги искористат мерките. Очекуваме Собранието наскоро да ги донесе законите поврзани со економско-социјалните мерки, кои ќе им помогнат на граѓаните и фирмите за полесно надминување на последиците од ковид-кризата“, наведува Ковачевски.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе