Ковачевски: Прво струја за граѓаните, па вишокот ќе се нуди на големите бизниси

Приоритет на ЕСМ е да обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, а за таа цел ЕСМ го зголеми производниот план за 2022 година за 20 отсто, уверува генералниот директор Васко Ковачевски.

Како што соопштија од ЕСМ, Ковачевски најавува дека во текот на зимата доколку има вишоци на произведена струја таа ќе биде испорачана до компаниите големи потрошувачи на струја преку повластен пакет кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните.

На состанокот во Стопанската комора (СКСМ) во врска со снабдувањето со електрична енергија на големите производни капацитети во државата, Комората предложи мерки до Владата со кои би им се олеснила состојбата на фирмите во однос на снабдувањето со електрична енергија. Притоа до АД ЕСМ е испратен апел доколку во текот на зимскиот период компанијата произведе вишок на електрична енергија, истата да се понуди во повластен пакет за домашните фирми кои трошат големи количини струја, а кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните.

Ковачевски, како што стои во соопштението, одговорил дека ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ на јаглен, со цел да го максимизира производството, така што секоја количина над таа што е потребна за граѓаните, ќе има можност преку одреден модел да биде понудена на домашното стопанство.

„Ковачевски нагласи дека приоритет на ЕСМ е, пред сѐ, да обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, за која цел ЕСМ го зголеми производниот план за 2022 година за 20%.

АД ЕСМ обезбедува 100% од енергијата која ЕВН Хоум ја испорачува до домаќинствата и малите потрошувачи“, се наведува во соопштението.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе