По разговорите со Петков

Ковачевски провери до каде е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Еден ден по разговорите со бугарскиот премиер Кирил Петков во Софија, премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми денеска изврши увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра.

За време на разговорите во Софија, а претходно и во Скопје, Ковачевски и Петков се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

„Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура“, изјави Ковачевски и додаде дека очекува поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура.

Ковачевски, како што стои во соопштението од владината прес-служба, изразил охрабрување за силен интензитет на изградба на овој експресен пат, додавајќи дека и Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.

„Република Северна Македонија има стратешка определба за изградба и модернизација на Коридорот 8, како дел од Паневропските коридори што ја поврзуваат оската Исток – Запад и со инвестицијата се овозможува голем економски потенцијал и за овој дел од државата“, изјави Бочварски.

Тој е задоволен од динамиката и реализацијата од над 70 проценти на експресниот пат, со што, како што нагласи се дава дополнителен стимул во забрзување на градежните работи.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми споделувајќи пообемни технички информации поврзани со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка информира дека претходните проблеми се надминати.

„Идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка“, рече Рустеми, информирајќи дека во тек се градежни активности во зимски услови на втората делница.

Во овој дел од државата, се наведува во соопштението, се отпочнати значајни проекти меѓу кои рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, со вкупна должина од 32 километри и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

„Во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин, кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија“, се додава во соопштението.  

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе