Директорот на АД ЕСМ за состојбата на електро - енергетскиот систем

Ковачевски: Потребно е дополнително производство на струја, ќе купуваме јаглен

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска ја потврди информацијата дека утре  ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј бидејќи за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија. Цената за домаќинствата е значително пониска од пазарната, вели Ковачевски и додава дека на светските берзи има енормен скок на цената.

Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија имаме стабилно производство и ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните, вели генералниот директор на АД ЕСМ.

Но тој и нагласува дека за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија, за што е потребен засилен ископ на јаглен во РЕК Битола, како и набавка на јаглен на меѓународен јавен повик.

„АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што во текот на утрешниот ден ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, ќе ги продадеме на слободниот пазар и со тоа ќе оствариме приход за компанијата и за државата“, вели Ковачевски во пишана изјава за медиумите.

Тој нагласува дека АД ЕСМ будно ги следи движењата на пазарот на електрична енергија, каде, потенцира, во изминатите осум месеци се бележи енормен раст на цената на електричната енергија

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе