Ковачевски: Оваа година планираме да произведеме повеќе струја од лани

АД ЕСМ согласно планот за производство минатата година требаше да произведе 3.530 гигават часови електрична енергија, но ја завршивме годината со 3.263, односно минус 216 гигават часови, коишто се резултат на хаваријата на Блок 3 во РЕК „Битола" и неговото неработење во декември. За 2022 година планот за производството е зголемен за 20 проценти и треба да изнесува 3.736 гигават часови и досега во првите три месеци во целост го исполнуваме планот, истакна денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Дополнително во услови на енергетска криза „ЕВН хоум" согласно договорот којшто го има склучено со АД ЕСМ има можност да номинира плус или минус 10 проценти од количеството на енергија од причини што во услови на откажување на договорите кон економските оператори и договорените страни на слободниот пазар дел од тие потрошувачи се префрлија на регулираниот пазар. „ЕВН хоум" во сите месеци од почетокот на кризата до денес, заклучно со март, имаше номинирање на плус 10 проценти количини на електрична енергија и ние тоа во целост го исполнуваме,“ рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Согласно планот за производство за електрична енергија, додаде тој, направен е и планот за производство на јаглен во рудниците во РЕК „Битола" и во РЕК „Осломеј".

„Годинава ги забрзуваме процесите на отворање на коповите на новите два рудника „Живојно" за РЕК „Битола" и „Гуштерица" за ТЕЦ „Осломеј" и сметам дека во целост ќе ја исполниме обврската за планот и потрошувачката односно конзумот којшто е потребен. Согласно планот во РЕК „Битола" треба да се произведе над 5 милиони тони јаглен од домашно производство, додека во „Осломеј" се вршат геолошки истражувања на локалитетот Гуштерица и очекуваме од овој локалитет до крајот на годината за Осломеј да извадиме помеѓу 150 и 200 илјади тони јаглен за грејната сезона 2021-2022 година, посочи Ковачевски.

За плановите за увоз на струја за 2022 година рече дека не можат да имаат предвидливост за целата година со оглед на фактот што АД ЕСМ од минатиот месец почна да ги снабдува и дел од институциите во државата и дел од стопанството кое ги добива вишоци на енергија од ЕСМ.

„Затоа не може да има предвидливост за цела година за увоз на електрична енергија, но предвидливоста до шести месец е дека има многу минимална набавка на електрична енергија во периодот на месец мај околу 2 до 2,5 милиони евра и во јуни доколку има потреба околу 4 милиони евра што е меѓу 1 до 2 проценти од она што треба ние да го произведеме,“ рече Ковачевски.

Набавката на електрична енергија, како што кажа, АД ЕСМ ја користи само во случај кога не може во целост да го исполни производството, а неисполнувањето е доколку се случат несакани последици, хаварии или исклучување на дел од капацитетите кои се доста стари.

„Доколку се случат испади или хаварии ќе набавиме мали количини на електрична енергија во мај и јуни, прецизира Ковачевски.
Тој порача дека е многу тешко во услови на здравствена, економска, а сега и воена криза да се менаџира енергетскиот систем.

„Доколку ЕСМ не ги прифатеше сите обврски кои што ги делегираше Владата за шесте продукти ЕСМ минатата година ќе имаше добивка од 120 милиони евра, а оваа година со овие проекции на производство и цени требаше да заврши со добивка од 193 милиони евра, но ние ги почитуваме одлуките на Владата и мора да се придржуваме до нив затоа што Владата и граѓаните се наш сопственик и во вакви услови на енергетска криза сме гарант или стабилизатор на цените и на испораките на електрична енергија,“ истакна Ковачевски.

За барањето заеми од јавните претпријатија и АД во државна сопственост, Ковачевски рече дека во изминатите два месеца добиле 233 милиони денари, кои треба да ги вратат до крајот на годината.

„Тие средства не се финансиска помош и поддршка, туку заем, но треба да се каже дека АД ЕСМ со одлука на Владата беше задолжен да го одложи плаќањето на „ЕВН хоум" кон АД ЕСМ за 2,3 милијарди денари. Значи не е доведена во прашање финансиската ликвидност на фирмата ниту во делот на испораката на електрична енергија, ни во исплатите на компанијата, ниту, пак, во делот на платата за вработените,“ посочи Ковачевски.

Тој истакна дека ниту еден од вработените не бил пуштен на принуден одмор, но додаде дека во согласност со Синдикатот на АД ЕСМ дале можност дел од вработените, кои не се дел од процесот на производство, да можат да искористат платено отсуство на 70 проценти од еден до три месеци.

„Дел од вработените ја искористија таа мерка што предизвика намалување на делот на трошокот за плати. Со одлука и менаџментот на АД ЕСМ ги намали своите плати во приодот на енергетската криза,“ рече Ковачевски и потенцира дека на ЕСМ до крајот на годината ќе му требаат уште 100 милиони евра кои се веќе обезбедени од страна на ЕБРД за што одлука донела Владата. 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе