Искуство од фабриката „Дура“

Ковачевски: Одлично е кога за работа во недела се дава зголемена дневница

Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс" е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден", каде вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50% од основната дневница, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на фабриката. Тој оцени дека така се зголемува просечната плата на оние вработени кои работат во недела, a потоа замина на средба со продавачка во маркет која сега ја има неделата како слободен ден.

Со работниците на ручек во фабричката менза

Премиерот Ковачевски заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, денешната посета ја искористија и како можност за разговор со дел од работниците кои изразија задоволство од новиот закон, информира неговиот кабинет.

„Трудот на работниците мора соодветно да се вреднува и почитува. Овој закон има многу позитивен ефект врз економијата, тој ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании. Законот недела неработен ден ќе даде одлични резултати во зголемување на продуктивноста на компаниите и унапредување на стопанството“, рече премиерот.

Тој нагласи да му честита на раководството на „Дура“ кое, покрај двете фабрики, планира и нова трета инвестиција во фабрика, инвестиција од над 20 милиони евра.

„Висината на инвестицијата во двете фабрики каде има 680 вработени е речиси 70 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и истата има тенденција за натамошен раст. Клучот за успешна стратегија во делот на странските инвестиции е обезбедување одржливост и развој на инвестициите, но и натпросечни плати со што се подобрува квалитетот на животот и примањата на граѓаните", рече Ковачевски.

Потоа, тој заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, го посети семејството Шишковски каде ја запознале Стефанија, млада жена која работи во локален супер маркет и која со законското решение неделата да биде прогласена за неработен ден сега има повеќе време да им се посвети на семејството и на личниот поквалитетен живот, соошти владиниот кабинет.

„Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека придонесува работниците, како Стефанија, да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место“, пишува во соопштението.

Легенда под Главна слика

Со работниците на ручек во фабричката менза

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе