Ковачевски: ЕСМ се откажува од менаџирањето со Попова Шапка

Двете можности, Попова Шапка целосно или со приватен партнер да се раководи од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) не се прифатливи за компанијата, истакна директорот Васко Ковачевски околу прашањето што ќе се прави со скијачкиот центар откако беше направена физибилити студија за развој. Фокусот на ЕСМ треба да биде производство на енергија, потенцира директорот.

„Наша препорака како управен одбор до Владата беше капацитетите на Попова Шапка да се дадат на продажба. Во моментот имаме доставено барање до Биро за вештачење да се направи проценка на капацитетите. После таа проценка заедно со Влада ќе донесеме одлука кога и како ќе се спроведе таа процедура“, рече Ковачески.

Тој истакна дека интерес на инветситорите е да се купат објектите, односно хотелите. Сѐ уште се размислува кој и како да ги менаџира ски лифтовите.

„Хотелот Попова Шапка и во студијата се кажува дека е во многу лоша состојба, се предлага да биде урнат, за Славија да се инвестира и да биде во функција. Но останува што ќе се прави со ски-лифтовите и другата инфраструктра. Ние имаме размислувања, но тоа ќе се разговара на Влада, сметам дека Попова Шапка ќе добие сериозна инвестиција и ќе биде еден од позначајните центри во регионот. За жичниците треба да се најде решение“, истакна Ковачески.

Министерот Крешник Бектеши потенцира дека  која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе