Kотaција на приватна емисија на обврзници од 5 милиони евра на УНИ банка

УНИ банка АД Скопје издаде хибриден капитален инструмент познат и како перпетуална обврзница, со цел зголемување на основниот капитал на банката. Овој финансиски инструмент ги обединува карактеристиките на обичните акции и на облигационен инструмент и е прв од ваков вид на македонскиот финансиски пазар, но истиот е добро познат во меѓународната практика.

„Издавањето на оваа перпетуална обврзница, ќе ѝ овозможи дополнителна можност на УНИ банка АД Скопје, да го продолжи својот раст и да ги зголеми својот пазарен удел и добивката“, истакна Владислав Хаџидинев, извршен директор на УНИ банка.

Вкупната вредност на перпетуалната обврзница изнесува 5 милиони евра, а годишната камата е 9% за првите 5 години. Од 1 март година, перпетуалната обврзница е котирана и со неа може да се тргува на Македонската берза, со што пристапот до истата е овозможен до сите потенцијални вложувачи.

Ова го објавија претставници на финансиската институција на настанот организиран во хотелот Хилтон во Скопје. На него присуствуваа клиенти, претставници на институции и партнери на УНИ банка,  како и познати претставници на деловниот свет во земјата.

 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе