Во истражувањето, направено во соработка со “Статиста”- независен Институт за испитување на мислењето и истражување на пазарот, повеќе од 50.000 испитаници биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања, во периодот од 24 јуни до 9 август 2021 година.
Меѓу споменатите прашања, едно од позначајните е и прашањето дали вработените би го препорачале својот актуелен работодавач на друг (свој пријател, близок, роднина). Имајќи го предвид периодот во кој е спроведено истражувањето, во рамките на истото бил испитуван и аспектот - на кој начин компаниите ги менаџирале односите со своите вработени во услови на предизвици предизвикани од глобалната пандемија на ковид-19.
Меѓу клиентите на производите на технолошки напредното производство на Костеал во Охрид, се вбројуваат БМВ, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ленд ровер, Фолксваген Сеат, Шкода.