Косово предупреди дека ќе воведе царини за Албанија и Македонија

Во дебатата за ефектите од 100-процентното зголемување на царините за Србија и Босна, која ја организираше институтот Риинвест, косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, предупреди дека и други земји, исто така, може да бидат подложени на царини.

Шала ги спомена Албанија и Македонија, бидејќи тие земји имаат царини за производителите од Косово.

„Косово ќе го применува истиот пристап за сите земји-членки на ЦЕФТА. Ние сме загрижени за Северна Македонија, бидејќи неодамна, оваа земја го забрани извозот на рибни суровини. Нашето министерство е подготвено да применува различни мерки за други земји, во зависност од барањата на косовските производители“, рече тој, пренесе агенцијата Ибна.

Берат Тачи од институтот ГАП ги претстави наодите од истражувањето направено од овој институт за ефектите од 100-процентните царини.

„Косово не ја прекрши ЦЕФТА со воведување на царините од 100 отсто, бидејќи премиерот на Србија ѝ се закани на нашата национална безбедност. Според договорот ЦЕФТА, ако една земја ѝ го стори тоа на друга земја, другата земја има право да го прекине договорот. Косово не може да го напушти договорот ЦЕФТА, бидејќи го прифати Договорот за стабилизација и асоцијација“, рече тој.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе