Според него, барањето за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 46 отсто по примерот на некои од соседните земји, што беше истакнато на протестите против поскапувањето на струјата, би било сосема нереално ако се има предвид дека земјава е нето увозник на електрична енергија.
„Во согласност со законодавството на Енергетската заедница, РКЕ сѐ уште ги регулира цените на крајните корисници за домаќинствата како мерка за заштита на оваа категорија потрошувачи од преголеми зголемувања на цените. Оваа регулатива треба да ги земе предвид и да ги рефлектира трошоците. Не може само да се следат желбите на некои политичари“, вели Копач.