Претседателот на Комитетот на Европската енергетска заедница во Скопје

Копач по средбата со Бислимоски: Домаќинствата да се подготват за поскапување на струјата

Претседателот на Комитетот на Европската енергетска заедница, Јанез Копач,по средбата со шефот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски рече дека домаќинствата во Македонија треба да се подготват за неминовно поскапување на струјата според пазарните законитости. 

Според Копач, во таква криза најлесно преживуваат оние кои имаат домашно производство, а Македонија целосно зависи од увозот. Тоа, како што вели, не може да се реши за кратко време туку со нови инвестиции во гасни централи, сончеви панели и проекти како Чебрен. 

Копач најави дека ќе дојде до поскапување на струјата, а најважно е да се дефинираат ранливите потрошувачи за да им се овозможи помош, објаснувајќи дека прозиводната цена на РЕК Битола е 55 евра, а се продава за 36 евра за мегават час за домаќинствата. А тоа е дефицит, вели тој. 

Според него, кризата ќе биде тешка за сите иако Македонија е најнапредна во енергетските реформи во регионот, но не се инвестирало доволно во последните десет години.

„Домаќинствата се пазарна, а не социјална категорија. Таквото мислење остана само уште во земјите од регионот”, рече Копач. 

Тој додаде и дека Македонија треба да посвети внимание на енергетската ефикасност со оглед дека премногу се троши електрична енергија, како и во гасификацијата на домаќинствата. 

Копач очекува во следните два месеци да биде намалена потрошувачката со мерки наметнати од државата а во април да паднат цените на гасот од кој се создава струја и ситуацијата да се стабилизира. 

Бислимоски додаде дека поскапувањето на електричната енергија ќе биде прецизирано откако големите енергетски компании ќе ги направат набавките. 

„Еден тендер за набавка на загуби треба да направи МЕПСО, еден Електродистрибуција и еден ЕВН хоме за домаќинства. По овие тендери ние ќе знаеме колкави треба да бидат поскапувањата”, рече Бислимоски.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе