Мај Ворлд Македонија го збогатува своето портфолио

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија стана член на Кешбек Ворлд заедницата

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е најновиот член на Cashback World куповната заедница која е под капа на myWorld Македонија. Оваа заедничка соработка ќе им овозможи на сите членови на Конфедерацијата да се здобијат со сопствена брендирана Cashback картичка и најдобро шопинг искуство во рамките нанајголемата светска шопинг заедница.

Соработката помеѓу КСС и myWorld Македонија ќе ги стави темелите на едно успешно долгорочно партнерство и всушност има за цел да ги поттикне и останатите организации да го препознаат потенцијалот и заложбите кои ги прави Cashback World лојалната програма за сите свои 14.000.000 клиенти и соработници, овозможувајќи им пристап до 140.000 трговски партнери и неограничен број на предности при секое пазарење за сите свои членови.

Со потпишување на оваа соработка членовите на Конфедерацијата ќе добијат свои КСС Cashback картички со кои ќе уживаат до 5% поврат на средствата од износот на пазарувањето кај било кој трговски партнер на Cashback World брендот во светот, како и можност за собирање на Shopping Points за дополнителни попусти и зделки.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, инаку, е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.

Денес брои вкупно 55.000 членови кои сега ќе можат да ги користат предностите на Cashback World лојалната програма, а основана е уште во 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се поттикне вербата кај работниците и да се врати почитта кон трудот.

Покрај новата соработка со КСС, myWorld Групацијата континуирано склучува соработки со голем број организации, институции и компании и трговски партнери со едноставна цел на своите членови да им понуди многубројни поволности. Листата на партнери и соработници на вбројува и стотици трговски партнери од автомобилската индустрија, градежништво, спорт, мебел и домаќинство и многу други.

Целосната листа на партнери и соработници на Cashback World брендот во Македонија можете да ги погледнете на официјалната веб страна: https://www.cashbackworld.com/mk, a корпоративниот меѓународен вебсајт на myWorld Групацијата е https://corporate.myworld.com/.

Комерцијален текст

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе